Нови 55 чешки полицајци доаѓаат во Македонија и во Србија

Loading...

Околу 55 чешки полицајци денеска отпатуваа за Македонија и Србија за да ја продолжат мисијата за следење на границите на Европска унија, која почна во 2015 година.

Оттогаш повеќе од 1.300 чешки полицајци учествуваа во мисиите.

Според заменик-министерот за внатрешни работи Јиржи Новачек, Чешка ќе остане во регионот до крајот на годината.

Во контекст на миграциската криза, чешката полиција учествуваше во мисии во Македонија, Србија, Унгарија, Словенија, Грција, Италија, Турција и Португалија.