Нови министри и заменици во владата

Loading...

Собранието синоќа ги изгласа новите министри предложени од владата по долго најавуваната реконструкција.

На чело на Министерството за правда е избрана Рената Дескоска (СДСМ), за министер за образование и наука Арбр Адеми(ДУИ), за култура Асаф Адеми (Беса) и за министер без ресор Бардил Даути (ДПА).

Беа избрани и заменици: за надворешни работи Андреј Жерновски, Асим Муса  заменик министер во Министерство за здравство, Ѓонул Бајрактар нов заменик министер за труд и социјална политика и Садик Беќири, заменик министер за транспорт и врски.