Сопственикот, уредник и основач на порталот Мактел Саше Ивановски – Политико вчера објави скандалозни фотографии на кои според него се фотографирани ќерки на познат охридски новинар.

Ивановски во скандалозниот текст под фотографиите го обвинува охридскиот новинар дека со помош на своите контакти во охридски хотели и угостителски објекти ги изнајмувал своите две полнолетни ќерки на гости од Холандија и Албанија.

Овој досега невидено брутален напад на приватноста на едно семејство на новинар или граѓанин воопшто, ги крши сите новинарски кодекси а веројатно и закони.

На потег се здруженијата на новинарите и Владата која што Ивановски го повикува на своите брифинзи.

Саше Ивановски – Политико е еден од најревносните бранители на политиките на Владата на Зоран Заев а тој бил дел од брифингот на премиерот со триесетина македонски уредници посветен на прашањето за името што се одржа на 8 февруари.

Ивановски беше единствениот присутен новинар на владиниот брифинг кој што објави се што говорел премиерот за името а владината прес служба никогаш не ги демантираше информациите на Ивановски со што ги подгреа шпекулациите дека Ивановски бил повикан со цел да ги пренесе ставовите на премиерот на оваа тема.

Да биде скандалот поголем веднаш под текстот со скандалозните тврдења на Ивановски на порталот Мактел е објавена реклама за проект на Министерстовото за труд и социјални работи за проектот со име „Гаранција за млади“ а на рекламата стои името и фејсбук статус на министерката Мила Царовска.

Оставете Коментар