Новинар јавно уништил прес картичка издадена од Владата, проблем е албанскиот јазик (ФОТО)

Во знак на протест новинарот на телевизијата Алсат-М, Адриан Керими ја искинал новинарската легитимација од Владата затоа што не била напишана на албански јазик.

„Таква прес картичка не прифаќам! Се додека не го почитувате мојот мајчин јазик и не ги почитувате меѓународните правила за медиумите, не зборувајте за слободата на медиумите, доколку не ги почитувате правата на новинарите“, напишал Керими на Фесјбук.

Новинарот вели дека вредностите за европска интеграција што ги промовира Владата на РМ се само за потсмев и имаат за цел да ги прикријат скандалите и грешките кои не може да се скријат пред меѓународниот фактор

SHARE

Comments are closed.