Ново масовно пукање во САД , 3 мртви и десетина ранети (ВИДЕО)

Ново масовно пукање се случи вечерва во САД а во него има мртви и ранети.

Во инцидентот кој се случил на турнир на видеоигри во Џексонвил, Флорид според првичните информации, има најмалку тројца мртви, а десетина ранети.

Меѓу убиените е и напаѓачот.

Канцеларијата на Шерифот на Џексонвил објави твит во кој им советува на граѓаните да не се приближуваат кон областа.

„Масовно пукање во Џексонвил лендинг. Останете подалеку од областа. Областа во моментов не е безбедна. Не приоѓајте“, пишува во пораката до јавноста.

Видео од настанот покажува дека во заднината на настанот се слушаат истрели.

Пукањето се случило во Џексонвил лендинг, забавен комплекс на реката Сент Џонс, во кој има ресторани и затворен трговски центар.

Локалните новинари јавија дека забележале лице на носилка како го внесуваат во амбулантно возило.

Полицијата објави дека еден осомничен напаѓач е мртов, но се трага по можен втор напаѓач.

Маж што учествувал на турнирот на Твитер објави дека е повреден во пукањето.

„Огромна среќа. Куршумот ме погоди во палец“.

Ова е второ пукање во Џексонвил за два дена.

Вчера едно лице загина, а две беа повредени во пукање на фудбалски натпревар во средно училиште.

SHARE