Брод со контејнери полни со најново оружје за опремување на армијата на Косово се движи низ  Атлантскиот Океан на пат кон пристаништето во Драч, во Албанија, пишува  „Вечерње Новости”.

Од таму, според српскиот весник, товарот ќе биде префрлен до косовските безбедносни сили.

Повикувајќи се на „податоци од српските безбедносни служби „овој конспиративен аранжман е во рамките на сценариото на Приштина за преземање на контролата врз северниот дел на покраината“.

Весникот тврди и дека српски оперативци имале информација дека косовската тајна служба  во јужниот дел на Косовска Митровица поделила автоматски пушки на некои од поранешните и сегашните вработени, како и на лица во „државните институции“.

„Оваа пеколна игра која од позадина ја води Америка се вклопува во плановите на властите во Приштина на 14 декември, да прогласи формирање на ‘војска на Косово’ кршејќи ги сите договори.

Весникот тврди дека и идејата за воведување на дополнителни даноци за стоки од централна Србија, според дошла од Вашингтон.

SHARE

Оставете Коментар