Обама во посета на полусестрата Аума во Кенија

Барак Обама вчера пристигна во Кенија, матичната земја на татко му, и ова е прва посета на оваа земја, по завршувањето на неговиот мандат како претседател на САД.

Во Најроби и како приватно лице поранешниот американски претседател ќе учествува на отворањето на спортски и образовен центар, основан од хуманитарната фондација на неговата полусестра Аума.

По посетата на Најроби Обама ќе отпатува за Јужна Африка, каде во Јоханесбург се очекува да одржи предавање во спомен на Нелсон Мандела.

Некои медиуми забележаа дека Барак Обама овој пат не е придружуван од сопругата Мишел.