Обединети Македонци: Охрабрете се и придружете се

Организацијата Обединети Македонци во Канада (ООМК), упатува апел до сите Македонци да застанат во одбрана на македонските национални интереси.

“Како најголема македонска национална и културна организација во иселеништвото ги поддржуваме сите политички партии, организации, граѓански здруженија и поединци во Република Македонија кои стојат цврсто во одбрана на македонските национални интереси преку повикот за бојкот на незаконскиот и понижувачки референдум закажан за 30 септември 2018 година.

Истовремено, ги повикуваме сите други политички партии, организации, граѓански здруженија и поединци кои сеуште не се вклучиле во сенародното движење за бојкот на референдумот, да се охрабрат и да се приклучат на повикот за бојкот.

Убедени сме дека македонскиот народ достојно ќе го бојкотира незаконскиот и срамен референдум и на 30 септември ќе прославува со повик за колективна оставка на ненародната власт”, се вели во повикот потпишан од првиот човек на оваа организација Мендо Бакаловски.

Обединети Македонци заедно со Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) и Бил Николов се највлијателните македонски организации во дијаспората.

SHARE

Comments are closed.