Обичен човек за името: Не знам кој е полуд во „Труман шоу 2“

Loading...

Скопјанецот Александар Михајловски со свој став за договорот со Грција и влезот во ЕУ.

„Да смениш име на држава и идентитетски атрибути на еден народ за да добиеш можебен условен датум за преговори во јуни 2019, ако тој народ потврди себеукинување и капитулација, меѓу другите 3 услови, во исто време знаејќи дека те чекаат 35 поглавја за отворање и затворање, на кои можеш да бидеш блокиран, притоа прикажувајќи го истото за успех, е генијално сценарио за снимање на ‘Труман шоу 2’.

Не знам кој е полуд, овие што ни го продаваат ова, или ние што треба да го купиме ова срање. И да ви успее, кога ќе дојдеме на ред во ЕУ таму некаде во 2040, под услов ЕУ да постои (тешко веројатно), нема да има ентитет кој влегува во ЕУ. Виртуелна реалност. Шах-мат позиција за Грците. Браос!!!!!“, пишува Александар Михајловски.

 

3 Коментари

  1. Што се тоа „идентитетски атрибути“ на еден народ и кои тоа „идентитетски атрибути“ ние сме ги смениле? За какво „себеукинување“ и за каква „капитулација“ зборува? Што треба да правиме ако треба да отвориме и затвориме 35 поглавја ( чие исполнување ќе ни донесе апсолутен бенефит на целата држава без разлика дали после исполнувањето ќе влеземе во ЕУ)? Да се откажеме од исполнувањето на поглавјата кои се за наше добро и да се откажеме од ЕУ? Подобро ли тогаш ќе живееме, надвор од ЕУ со овие наши „поглавја“?

    • Ti ako si covek bez nacionalna svest si e tvoja rabota. A za poglavjata i EU zakonite-mora li da stoi nekoj so stap za nie da gi pocituvame zakonite. Za ovie nekolku godini od koga ja imate podrskata od cadorot od Ustavot i zakonite napravivte toaletna hartija, i koja budala ocekuva deka utre ke pocituvate nesto od toa.

  2. Знаете во Е проституција ќе влезете никогаш а ако можеби ќе влезете ќе влезете како клонирана нација.

Comments are closed.