ОБСЕ/ОДИХР уверуваат дека имаат доволен број на набљудувачи

Шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, Јан Петерсен, уверува дека 100-те тимови распоредени на сите избирачки е адекватен број за да ги обзебедат потребните статистички материјали за нивните заклучоци, кои ќе ги презентираат на прес-конференцијата во понеделник.

Тој додаде и дека барале 250 набљудувачи од другите земји учеснички, но тој број зависел од средстава на тие земји.

„ Ние само набљудуваме, не се мешаме на никаков начин, не даваме коментари, нема да даваме проценки пред нашата прес-конференција. Имаме 100 тимови по двајца, значи имаме 200 луѓе денеска. Имаме 10 тима на долгорочни набљудувачи кои се тука веќе повеќе од еден месец, но тоа е другиот процес на референдумот – администрација, законодавство, кампањата, ситуацијата со медиумите“, изјави Петерсен, кој набљудува на гласачко место во гимназијата „Јосип Броз“ во Скопје.

SHARE