Обвинет во „Монструм“ е во Косово, полицијата му знае и адреса!

Во Кривичниот суд денеска одново почна судење за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро што се случи на 12 април 2012 година,

Предметот го презеде Специјалното јавно обвинителство откако Врховниот суд ги укина пресудите на првостепениот и второстепениот суд и предметот беше вратен на повторно судење, а во судницата денеска се појавија обвинетите Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Фејзи Азири и Сами Љута

Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, прво и второобвинет за случајот се недостапни за македонските власти и по нив е распишана меѓународна потерница.

Агим Исмаиловиќ, брат на „бегалецот“ Африм, во денешното сведочење рече дека неговиот брат Африм се наоѓал во Косово и дека тамошната полиција ја знае неговата адреса.

„Мојот брат е во Косово, комуницирав со него преку вибер“, рече Агим според кој тој живее во Приштина, дека адресата не ја знае, но дека косовската полиција има точни податоци и многу добро знае каде живеат и неговито брат Африм како и обвинетиот бегалец Алил Демири, по кого исто така е распишана е меѓународна потерница“ пренесе МКД.мк.

Обвинителката Датиме Фетаи од судот побара на нив да им се суди во отсуство.

Постапката за овој случај ќе започне според старото обвинение во кои обвинетите беа гонети за кривично дело тероризам.

Ноќта на 12 април 2012 беа убиени Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски, Филип Славковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.