Обвинет за тероризам за 27 април потсети на војводата Христо Узунов по говорот на Заев во Собранието

Обвинет за тероризам за 27 април потсети на Христо Узунов по денешните случувања во парламентот

Со писмото на Христо Узунов до неговата мајка, обвинетиот за тероризам за 27 април Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит се огласи денес на неговиот фејсбук профил.

Илиевски кој се соочува со казна затвор од најмалку 10 години, е обвинет за наводен тероризам за 27 април затоа што давал потпалувачки говори.

Стиховите на Узунов, Илиевски ги објави веднаш откако Заев во собранието понуди амнестија за гласови од опозицијата.

„Мила моја мајко,

Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо…Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело?

Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас – без ни најмалку да те навредувам – се чувствувам повеќе син на втората моја мајка – Македонија, отколку на тебе, која си ме родила.

Те молам – во името пак на моите свети чувства кон тебе – да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги”

Христо Узунов

Со овој потег на Илиевски особено ако истиот го следат и други обвинети за тероризам, лидерот на опозицијата Мицкоски добива поголем простор за маневар при разгледување на понудата од власта.

Илиевски беше член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ пред сам да се пријави во судот лани на 27 ноември по што постојано е во затворски или домашен притвор.

Судењата од маратонскиот процес продолжуваат утре во Кривичниот суд во Скопје.

SHARE