Обвинителката во случајот ,,27 април” призна дека била дел од “Шарената револуција” (ВИДЕО)

Обвинителката за случајот 27 април Вилма Русковска која сега е именувана за шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал јавно призна дека била дел од политичкото движење наречено “Шарената револуција” односно дека била противник на огромен дел од тие што се судат за немилите наатани во Собранието.

Во интервју за 1тв Русковска на прашање колку тоа ја прави објективна и непристрасна вели дека секогаш се трудела да биде непристрасна но не тврди дека секогаш била непристрасна туку дека само се трудела.

Обвинителката вели дека била дел од Шарената револуција која предходеше на доаѓањето на СДСМ на власт затоа што сметала дека правдата и правото требало да важи подеднакво и за ситните измамници и за високите политичари.

На прашањето дали како обвинител со долгогодишен стаж има одговорност за слабите резултати во битката со криминалот Русковска вели дека не била дел од Шарената револуција како член на политичка партија.

SHARE

Оставете Коментар