Обвинителството го гони претседателот Иванов

Основното јавно обвинителство ги потврди информациите на ТВ 21 која што е блиска на ДУИ за поведенабистрага против претседателот Иванов за кршење на Уставот.

Основното јавно обвинителство ќе поведе истрага против претседателот Ѓорѓе Иванов поради прекршување на Уставот – објави ТВ 21, без да наведе извори или поконкретни информации.

По само еден час од информацијата на медиумот близок на врвот на ДУИ, ЈО потврди дека Иванов ќе се гони затоа што одбил да ги потпише Законот за јазици и ратификацијата за Договорот од Преспа.

Според Уставот Иванов бил обврзан тоа да го стори – се додава во текстот на ТВ 21 кој е потврден од обвинителството.

ДУИ од вториот мандат на претседателот е во постојан конфликт со Иванов кој нема потпишано указ за именување на партиски кандидати на партијата на Ахмети за македонски амбасадори.

Во моментов Иванов со над 10 % рејтинг е вториот најпопуларен политичар во Македонија на ниво на сите граѓани, зад премиерот Заев.

Само кај Македонците Иванов е прв на листата на политичари со најголема доверба и се смета за човек што ќе има сериозно влијание за време на престојните претседателски избори на кои ДУИ сака да има консензуален кандидат.

SHARE

5 Коментари

  1. Џаба се! Во Грција Договорот нема да биде ратификуван, ниту во Март како што предвидуваат Грчките медиуми. http://expres.mk/atina-i-skopje-so-dil-za-odlozhuvanje-na-ratifikacija-prespanskiot-dogovor/ Договор пропадна!
    Ово одолговлекување од страна на Грција не беше познато на пратениците кога на 19. окт. гласале ЗА договорот! Сега постои реална можност Грција да не ја заврши работата!!, а во Преамбулата на Уставот да се вгради Шиптарскиот односно Албанскиот народ како КОНСТИТУТИВЕН и ДРЖАВОТВОРЕН (а македонци, како измислени Северно Македонци), и ако во Грција ништо не се случи односно нема ратификација, тогаш за нас НЕМА НАЗАД според постапките кои се однесуваат на двојното Бадинтерово Мнозинство! Шиптарите нема да дозволат да ја изгубат освоената ДРЖАВНОСТ! И после???
    Со менување на името и идентитетот, ние се и ФЕДЕРАЛИЗИРАМЕ, а потоа и доведуваме до состојба на ЗАГГРОЗЕН ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ! Ја губиме ТЕРИТОРИЈАТА!!!
    Со НАТО требаше да се зајакне ТЕРИТОРИЈАЛЕН ИНТЕГРИТЕТ, но всушност истиот се РАЗБИВА токму поради силната желба да влеземе во евроатлантски интеграции!
    Со промена на името се загрозува НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕДНОСТ (а не обратно)!

  2. Како треба да постапи Иванов ?

    Иванов треба да му напише писмо до Путин и побара средба со која ке бара Руската Федерација да свика ИТНА седницата на Советот за безбедност на ООН, на која Русија по дискусијата за случувања во Македонскио парламент ЌЕ ПРЕДЛОЖИ РЕЗОЛУЦИЈА НА СБ НА ООН (Советот за безбедност на ООН) во која ќе стои: дека по референдумот во Македонија, Преспансиот договор пропадна и преговорите за името како такви пропаднаа, па земајки ова во предвид, Советот за безбедност на ООН ПРЕПОРАЧУВА на Генералното собрание на ООН да и продолжи членството на оваа држава под нњјзиното уставно име Република Македонија.

    ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ВИДИ ПОТОА, ДАЛИ САД ЌЕ СТАВАТ ВЕТО НА ВАКВАТА РЕЗОЛУЦИЈА НА СБ!
    АКО СТАВААТ ВЕТО, ЌЕ ИМАМЕ ИСТА СИТУАЦИЈА КАКО 1947. КОГА БЕШЕ ПОБАРАНО СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ 1948. И ИСТАТА РАЗВРСКА! Ќе треба да се бара СОВЕТОДАВНОТО МИСЛЕЊЕ ОД СУДОТ за дополнителните услови за прием на Македонија во ООН.

    АКО САД НЕ СТАВИ ВЕТО, ЌЕ ИМАМЕ ГЛАСАЊЕ ВО ООН СО ПРОСТОТО МНОЗИНСТВО, КОЕ МОЖЕ ДА РЕЗУЛТИРА СО ВОВЕДУВАЊЕ НА УСТАВНОТО ИМЕ ВО ООН.

  3. ако тоа ОЈО толку се гржи за уставот зошто досега не реагираше за договорот со Бугарија, тиранската платформа, капитулацијата со Грција, изборот на претседател на собранието? Дали тие гласови не допираат до нив?

Оставете Коментар