Од 1 литар бензин, над пола евро за државата

Од сегашната цена на бензинот, 33,906 денари одат за рафинеријата, а 33,894 за државата, пишува порталот Авто Магазин.

Литар бензин од 95 октани во големопродажба чини 33,906, а на бензинските пумпи 71,50 денари.

Од разликата од 37,594 денари 3,20 денари за трговците, а 0,50 денари за транспортерите на дериватите. Понатаму, 0,89 денари се наменети за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати, а 0,08 денари одат за финансирање на активностите во областа на животната средина.

Остатокот од 32,924 денари, од кои 22,017 денари акциза и 10,907 денари ДДВ, се слеваат директно во буџетот на Република Македонија.

SHARE

Оставете Коментар