Од денеска само со лична карта и во Босна и Херцеговина

Македонските државјани од денеска ќе можат да влегуваат во Босна и Херцеговина само со лична карта.

Договорот меѓу Совет на министри на БиХ и Влада на Република Македонија за условите за патување на граѓаните на двете земји, кој го потпишаа министрите за надворешни работи Никола Димитров и Игор Црнадак на 12 март годинава, стапува на сила на 1 декември.

Поранешната југословенска република е петтата земја во која државјаните на Македонија можат да влезат без пасош, односно само со лична карта, по Србија, Црна Гора, Албанија и Косово.

 

SHARE

Оставете Коментар