Поевтините горива во Македонија и во Косово сè повеќе ги привлекуваат жителите на југот на Србија, посебно од општините Прешево, Бујановац и Врање, да ја користат предноста на граничниот регион за да наточат бензин по пониска цена, јави српската агенција Бета.
Македонија е главната дестинација за граѓаните на Врање, кои сè поорганизирано го поминуваат растојанието од педесетина километри за да ги наполнат резервоарите на своите возила, но и канистри и туби со поевтино гориво по последното поскапување на дериватите во Србија.
Просечната цена на безоловниот бензин во Србија во моментов е 1,29 евра, десет центи повеќе отколку во Македонија, а во Косово тој се продава за 1,25 евра.