Од канцеларии на „Илинденска“ снимани демонстранти на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО +ВИДЕО)

Актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајлоски, вечерва јавно ја обвини Владата дека припадници на безбедносни служби ги снимаат демонстрантите кои што секоја среда во знак на протест против владините политики се собираат пред владината зграда.

Зборувајќи во контекст на прекршување на правата на граѓаните и прислушувањата на јавните обвинители и судии кое што беше објавено од јавниот обвинител, Михајлоски во интервју со новинарката Мери Ѓоргиевска за „Отворен“о на Алфа ТВ вели дека граѓаните и опозицијата се под постојана присмотра на власта и дека во земјата нема основни човекови права.

Како доказ дека тоа се случува постојано Михајлоски ги посочи луѓето, најверојатно припадници на тајните служби, кои што од прозорците на Владата ги снимале демонстрантите на опозицијата кои што демонстрираа и денеска.

Опозицијата поточно нејзиниот лидер Христијан Мицкоски предходно ја обвини власта дека членови на ВМРО-ДПМНЕ се малтретирани, претресувани и прогонувани затоа што се дел од протестите против власта.

Опозицијата тврди дека нејзини членови биле предмет на прогон од страна на МВР чии припадници вршеле претреси во домови на ВМРО-ДПМНЕ.

Линк до видеото на Отворено на Алфа, изјавата за симањето од владата почнува по 14 минута

линк

https://www.facebook.com/AlfaTV.mk/videos/2178769455714902/?t=846