Од Косово ќе се бара екстрадиција за 2 обвинети од „Монструм“

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиѓте за случајот „Монструм’ побара од судот да започне постапка за екстрадиција на Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осомничени за случајот со повеќекратното убиство на Смилковско Езеро.

Двајцата се во Косово и досега беа недостапни за македонските власти иако по нив е распишана меѓународна потерница.

Судијата Огнен Ставрев информираше дека веќе се во контакт со косовските власти околу постапката за екстрадиција, пренесува А1.Он