Комисија за мандатно-имунитетни прашања на која треба да се расправа за пратеничкиот мандат на Никола Груевски е закажана за во вторник, откако Основниот суд Скопје 1 го извести Собранието дека Груевски е осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Членовите на Комисијата треба да одлучат дали Груевски е достоен да ја извршува функцијата пратени, а конечна одлука треба да донесат пратениците на собраниска седница со двотретинско мнозинство.

Не е јасно како ќе гласаат осумтемина пратеници од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, откако вчера координаторката на пратеничката група, Елизабета Канческа-Милевска, во свое име, изјави дека нема да гласа „за“.

Груевски е осуден на две години затвор во врска со случајот со блиндираниот владин „мерцедес“ и повикан е на издржување на казната на 8 ноември.

Неговото барање за одложување на казната е одбиено.

SHARE

3 Коментари

  1. Не е во прашање само Груевски тука е и Иванов. Според фашистичката хунта да си МАКЕДОНЕЦ е голем грев и за памет на сите други овие двајца мора да се затворат. Тоа е наредба на чадорот.

      • Груевски е само „генерална проба”. Без претседателот ќе прават што сакаат.
        СДСМ разградува и брише државност и мора да замине поради три вини:
        1. Бугарската спогодба (за историјата и народот, побугарување),
        2. Тиранската платформа (јазичната и државната федерализација),
        3. Преспанскиот договор (бришење на правниот и националниот идентитет).
        НАРОДОТ ТРЕБА МАСОВНО ДА СЕ ОРГАНИЗИРА И НЕПРЕКИДНО ДА Е НА УЛИЦА СЕ ДО ЗАМИНУВАЊЕ НА ВЛАСТА НА СДСМ.
        Сите да се обединиме, а масовните протести треба да бидат предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Сите што не се со СДСМ на сплотување против СДСМ!

Оставете Коментар