Loading...

Во членот 8 од договорот постигнат меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас,  со кој се дефинира „судбината“ на спомениците, во параграфот 3 точно се прецизира дека „втората страна“ не смее на било кој начин да го употребува Сонцето од Кутлеш (Вергина).

!6-кракото на подот на Црквата „Св. Тројца“ во Радовиш

16-кракото сонце,  кое беше на првото знаме на самостојна Република Македонија, но преживеало во некои форми на јавни места и за јавни потреби, во рок од шест месеци ќе биде отстрането од секаде.

Според ова, градскиот плоштад во Виница на кој е „исцртано“ Сонцето од Кутлеш ќе биде една од првите „колатерални жртви“.

 

 

 

 

 

Прашање е дали под параграфот 3 ќе падне и фонтаната на плоштадот „Магнолија“ во Битола бидејќи е во форма на кралскиот штит на Филип Втори и на која е исцртано осумкрако сонце.

Грција смета дека македонскиот крал е дел од нејзиното историско наследство.

 

Договорот се очекува да биде потпишан викендов од страна на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на чинот ќе присуствуваат и премиерите.

3 Коментари

  1. Во горниов текст сте напишале: „ Грција смета дека македонскиот крал е дел од нејзиното историско наследство“ во врска со Филип Втори. Ако сакате да бидете објективни, ќе напишете дека, не само Грција, туку целата научна јавност во светот смета дека кралот Филип Втори е дел од грчкото историско наследство.

Comments are closed.