Одбраната бара нова реконструкција на убиството на Саздо

„Сметаме дека има пропусти, бидејќи местото на настанот не е покриено со фото албум. Таму во тревникот има метална кутија од ЕВН, која веројатно е пропуштена, но ние сметаме дека е многу клучна за повредите“, вели  Насер Рауфи,  адвокат на обвинетите , Скендер Д(19) и Бесир Б.(20), обвинети за претепување и убиство на Никола Саздовски на автобуска постојка во скопска Автокоманда.

Обвинителот кој го води овој случајот за 20 годишното момче, од понеделник се враќа од одмор. Се очекува уште еднаш да ги повика на распит двајцата  притвореници, за да ги соочи со доказите за делото убиство извршено на свиреп начин.

Меѓу последните докази кои ги собира обвинителството е и психијатриското вештачење на двајцата осомничени кои се во притвор. Ова вештачење било завршено, велат извори од истрагата, дознава 24 вести.

Третиот осомничен, Јетон Љужа е се уште во бегство и по него е издадена меѓународна потерница.

Медицинските вештачења  покажаа дека при  претепувањето на Саздовски не биле употребени предмети или оружје, туку  бил усмртен со тупаници и клоци во главата и градниот кош.

По бруталното претепување до смрт на автобуската постојка во Автокоманда, запленет е мерцедесот и притворени се двајца од тројцата напаѓачи.

МВР вели има потрага, Интерпол не го бара убиецот на Саздо (ФОТО)

 

SHARE