„Одлив на мозоци“: Грција остана без лекари!

ÁÕÎÇÌÅÍÇ ÊÉÍÇÓÇ ÔÙÍ ÔÁÎÉÄÉÙÔÙÍ ÔÏÕ ÁÕÃÏÕÓÔÏÕ ÓÔÏ ÁÅÑÏÄÑÏÌÉÏ "ÅË. ÂÅÍÉÆÅËÏÓ". (Eurokinissi - ÄÇÌÏÐÏÕËÏÓ ÈÁÍÁÓÇÓ)

Помеѓу 350.000 и 400.000 Грци, најмногу на возраст од 20 до 30 години, емигрирале во земјите на ЕУ од 2010 година.

Јоргос Патулис, претседател на Атинската лекарска асоцијација, изјави за ФТ дека повеќе од 18.000 доктори, од дипломци до искусни специјалисти, емигрирале и дека во моментов Грција има недостиг од 8.000 лекари.

„Фајненшл тајмс“, оценува дека огромниот „одлив на мозоци“ беше предизвикан од економската криза, но и дека повеќето од оние што заминале немаат намера да се вратат.

„Според истражувањето на ЕУ спроведено минатата година во Британија и Холандија, помалку од 10 отсто од грчките емигранти планираат да се вратат во следните три години“ пишува ФТ.

Голем дел од емигрантите се професионалци во инженерството, Ај-ти технологија и медицина.

SHARE