Еврозоната ја одложи финансиската помош за Грција

Министрите за финансии на земјите членки на Еврозоната не донесоа одлука за исплата на последната транша од пакетот помош за Грција.

По завршување на состанокот претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено изјавил дека министрите за финансии го одложиле и решението за ставање крај на програмата за помош на Грција, која според планот треба да заврши во август годинава.

Според кажаното овие одлуки ќе се разгледаат на следната средба на министрите за финансии од Еврозоната, предвидена за 21 јуни во Луксембург.

– Наш основен приоритет останува успешното излегување на Грција од програмата за макрофинансиска помош. Сите неопходни одлуки околу тоа ќе ги донесена на средбата во Лукселмбург во текот на јуни, рекол Сентено.