Одлуката за референдум во среда пред Уставниот суд!

Иницијативата за оспорување на собраниската Одлука за распишување на референдумот што треба да се одржи на 30 септември, поднесена  од политичката партија „Левица“ на 19 септември ќе се најде на дневен ред на Уставниот суд на РМ.

Левица ја оспорува Одлуката за распишување на референдум бр. 08-4666/1, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/2018) е на дневен ред на 21-та седница на Уставниот суд.

Седницата на Уставниот суд на Република Македонија е закажана за 19.9.2018 година (среда), со почеток во 9:30 часот, дознава порталот „Академик“.

Во иницијативата на Левица меѓу другото се нагласува дека Одлуката не ги содржи сите законски предвидени елементи,  називот на прописот, образложение на прописот, референдумските прашања, видот на референдумот.

SHARE

Comments are closed.