Одмазда во РЕК Битола на првиот ден по референдумот (ОТВОРЕНО ПИСМО)

Група Вработени во ЕЛЕМ РЕК Битола, незаконски распределени на други работни места веднаш по референдумот бараат помош како жртви на политички реваншизам во отворено писмо до:

Претседателот на Р.Македонија. Ѓорге Иванов
Премиерот Зоран Заев и министрите во Владата на Република Македонија
Генералниот директор на ЕЛЕМ и членовите на Управниот и Надзорниот одбор
Политичките партии во Република Македонија
Амбасадите на државите членки во НАТО и ЕУ
Народниот правобранител на Република Македонија
Хелсиншкиот комитет за човекови права
Сојузот на синдикати на Република Македонија
Светски Македонски Конгрес
Медиумите во Република Македонија

Во писмото тие обвинуваат висок функционер на СДСМ дека ги казнил поради референдумските резултати.

“Ден по неуспешниот референдум во Република Македонија за промена на уставното име на државата, екс претседателот и екс пратеник на СДСМ од Битола и актуелен директор на РЕК Битола, Васко Ковачевски, неможејќи да се помири со резултатите, започна незаконски да се осветува на работниците во комбинатот со делење на решенија за прераспределување на други работни места, најчесто со помал коефициент на лица вработени за време на претходната влада или членови на опозициските партии.

Терор, мобинг и притисок од ваков вид, РЕК Битола досега не памети. Се преместуваат професионалци во струката, од термоцентралата во рудниците, лица кои се неопходни за нормално функционирање на процесот на производство со што се доведува во прашање целокупната работа на централата.

Апелираме до директорите на РЕК Битола, да ги поништат решенијата за прераспределување, да не си играат со животите на вработените и да престанат со ова малтретирање од најдолен тип.
Ги охрабруваме сите прераспределени вработени во комбинатот, да го тужат Васко Ковачевски за мобинг, несовесно работење во службата, пречекорување на своите овластувања, да бараат поништување на незаконските решенија и враќање на старите работни места. Ги повикуваме т.н. синдикалци кои секој месец добиваат проценст од платата на вработените, јавно да излезат со став дали го поддржуваат овој начин на работа или не.

Ги повикуваме домашните и странски медиуми во Република Македонија да се заинтересираат за овој случај и да побараат објаснување од Васко Ковачевски, со која цел го започна овој реваншизам ден по Референдумот за промена на името на Република Македонија и зошто заедно со соработниците се осветуваат на овој начин врз луѓето кои немаат никаква друга вина освен што не мислат како нив”, пишува во писмото од вработените во РЕК Битола испратено на 06 отомври 2018г.

SHARE

Comments are closed.