Одржан помен пред пет грчки амбасади во светот, во Скопје спречен! (ВИДЕО)

Loading...

На повик од Обединета македонска дијаспора (ОМД), синоќа се одржа помен за жртвите на грчката бруталност 1912-1913 пред пет амбасади на Грција низ светот, но не и пред Канцеларијата за врски во Скопје.

Наспроти грчките дипломатски претставништва во Мелбурн, Лондон, Хјустон, Вашингтон и Торонто, во Скопје не се одржа најавениот настан поради недозволување од полицијата.

„Вчера глобално беше одржан помен во чест на загинатите и протераните Македонци од егејскиот дел за време на геноцидот и поделбата на Македонија во 1912-1913. Полицијата беше присутна на повеќе локации, а во Скопје тие ја блокираа улицата и не дозволија свеќи да се палат пред грчката амбасада“, објасни глобалното движење „Ние сме Македонија“ на својот профил на „Фејсбук“.

„Во Скопје 90 полицајци ја обиколија амбасадата, ги блокираа пристапните улици до неа и не им дозволија на учесниците да запалат свеќи и да сликаат, со објаснување дека доколку сликите осамнат на социјалните мрежи, казната е 5.000 евра“, извести порталот „Магазин.мк“.

„Мојата партнерка и јас бевме единствените луѓе пред амбасадата на Грција во Лондон за поменот на ОМД за жртвите од македонскиот геноцид. За неколку минути откако се појавивме таму, двајца полицајци не прашаа (љубезно) дали ние сме единствените и колку долго ќе бидеме тука“, напиша на „Твитер“ преведувачот Ник Насев.

Од ОМД најавија традиционално одржување на настанот еднаш годишно.

„Грција мора да се извини за 105 години културен геноцид и етничко чистење на македонскиот народ“, порача најголемата организација на македонската дијаспора во светот.

На видеото во продолжение е овековечен дел од поменот во Вашингтон:

 

Оставете Коментар