Одземен пратеничкиот имунитет на Груевски

Со 62 гласа „за“ и без ниеден „против“ или воздржан, пратениците денеска изгласаа да му се одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски.

Во салата не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а преостанатите, без дискусија, изгласаа да му биде симнат имунитетот постапувајќи по барањата од кривичниот суд, кој бара притвор за Груевски.

Поканет на седницата беше и претседателот Ѓорге Иванов, кој не се појави. Пратениците гласаа за шест барања за притвор, кои стигнале од кривичниот суд до Собранието, пренесува Макфакс.

За одземањето имунитет беа потребни најмалку 61 глас ,,за”.

Да се одземе имунитетот на Груевски, препорача Комисијата

 

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар