Оџачарите ќе станат бизнисмени!

Откако на јавниот оглас за обука на оџачари се пријавиле само шест кандидати, Градот Скопје одлучи да го продолжи рокот до до 25 мај по шт о од 1 јуни ќе почне и тримесечна обука на 25 лица за колку има побарување.

„По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот. За таа цел, годинава Градот Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците. Овие субвенции ќе се реализираат по успешно спроведената обука на новите 25 оџачари“, пренесува Макфакс.