Официјална Тирана порачува: Албанците одлучувачки фактор за Северна Македонија

Нова провокација од соседството. По последните негирања на македонскиот јазик од Софија и Тирана не сака да остане покусо во коментарите за Македонија.

Албанскиот шеф на дипломатијата, Дитмир Бушати, во интервју за тиранскиот весник „Панорама“ посакува успешен референдум на 30 септември што, според него, е „шанса за напредок на земјата“.

Бушати вели дека Албанија березервно го поддржувала дијалогот меѓу Атина и Скопје, а истовремено поттикнала кохезија на албанскиот политички фактор за да биде протагонист во трансформациските промени кои му „овозможуваат на Скопје да напредува во процесот за членство во евроатланските структури.

Бушати го употреби терминот Северна Македонија и Скопје за земјава.

„Нашиот сосед пред себе има неповторлива можност. Во тој процес, улогата на Албанците е одлучувачка. Демократската стабилност, меѓуетничкото разбирање и членството на Северна Македонија во НАТО се во интерес на Албанците. Одржувањето на долгогодишниот конфликт во врска со спорот за името со Грција или кој било друг алтернативен проект што создава празнини, преку кои трети страни може да навлезат во Скопје и во регионот, не е во интерес на Албанците“- вели Бушати. 

Тој смета дека исполнувањето на обврските што произлегуваат од овој процес има посебно значење за самиот Западен Балкан, трансформирајќи го во поголем безбедносен простор.

Бушати лани Македонците во Албанија ги нарече Славомакедонци по а по поплаките од нашинците во оваа земја за навредата се расправаше пред албанските судови.

Постапка против Бушати во Албанија за навреда на Македонците

SHARE