„Охи“ од Вартоломеј за МПЦ-ОА додека се вика „македонска“

Вселенскиот патријарх Вартоломеј порача дека нема да даде согласност за признавање на Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) сè додека таа во своето име го содржи зборот „македонска“.

Во својот воведен збор на седницата на Светиот синод на Вселенска патријаршија од 1 септември тој го нагласил сопственото спротивставување на употребата на „македонска“ во насловот на црквата, обраќајќи им се посебно на митрополитите од грчка Македонија и од Тракија. Иако тие се владици на Грчка православна црква, исто така учествуваат во работата и на Синодот на Цариградската патријаршија.

„Ги молам моите браќа што служат во Македонија (мислејќи на регионот Македонија во Грција – н.з.) да ја пренесат мојата патријаршиска порака до нивните паства“, рекол вселенскиот патријарх.

 

SHARE

Comments are closed.