Охрид нема пајак и Бечо, ама има инциденти на паркинг

Сопругата на претседателот на СДСМ во Охрид денеска предизвикала инцидент откако го пaркирала своето возило во централното грaдско подрачје у Охрид на пешачки премин по што настанал инцидент.

Кога сообраќајната полиција интервенирала, Билјана Танеска се нафрлила врз полицајците упатувајки им закани и погрдни зборови, повикуваjќи се на моќни луѓе од политиката и полицијата меѓу кои е министерот Спасовски.

По инцидентот пристигнала и друга единица на интервентни полицајци, но Танеска не можела да се помири со интервенцијата барајќи да биде амнестирана за направениот сообраќајниот инцидент.

Според информациите од Охрид Танеска на крајот на кавгата која минала без приведување, добила мандатна казна за прекршок без пријава за омалуважување на службено лице при вршење на службени дејствија која ја добиваат сите граѓани кои не ги почитуваат припадниците на МВР.

Семејството Танески беше актуелно во јавноста и пред десетина дена кога таму беше сместен познат новинар откако полицијата го фатила како вози без дозвола возило кое што не било оцаринето.