Охридски баханалии: На еден службен ручек испиени 112 алкохолни пијалоци

Од сметке за ручек за гости на општина Охрид се гледа дека во една пригода со делагации од збратимените градови биле испиени 112 алхоколни пијалоци ( 44 ракии, 24 пива, 34 вина, 10 уза и коњаци….) Во друга пригода, само за риби и рибни специјалитети се потрошиле речиси 600 евра.

Ова го покажува истрамувањето на новинарите Мери Јордановска и Кристијан Ландов од агенцијата Макфакс кои откриваат дека
Општина Охрид потрошила 18 илјади евра за јадење и пиење последнава година по доаѓањето на Јован Стојаноски на функцијата градоначалник.

Според фактурите што ги има „Макфакс“, се јадело и се пиело само во шест ресторани, најмногу во хотелите „Милениум“, „Нова ривиера“ и ресторанот „Острово“. Просекот е дека дневно се трошеле по 50 евра, а еден ручек или вечера изнесувал над 350 евра.

Целото истражување на макфакс.мк на овој линк

Минатата година јавноста беше скандализирана од трошоците за храна во ресторани од членови на екс раководството на МВР кое трошело и по 1000 евра за ручек. Тогаш МВР брифираше дека се јадело и месо од бизон.