Омбудсман: Десетици илјади граѓани избришани од избирачкиот список

Најмалку 30.000 до 40.000 граѓани се избришани од Избирачки список поради разни причини, соопшти на брифингот во петокот Зоран Билбиловски, државен советник од канцеларијата на Народниот правобранител.

„Тоа воопшто не е мала бројка. Апелираме доколку има сега избори ДИК соодветно да ги информира и да им каже на граѓаните кои се избришани од список што треба да сторат доколку сакаат да гласаат на некои идни избори“, побара Билбиловски.

Бришењето на овие лица се случило поради вадење нови лични карти или истечени лични карти.

Канцеларијата на омбудсманот утврдила и дека 30 до 50 проценти од лицата кои се во затвор или во притвор, не можеле да гласаат поради тоа што ги немало на Избирачкиот список.