ОМД го демантира Стојковски: Од почетокот сме против промена на името

Обединета македонска дијаспора (ОМД) излезе со официјален демант на изјавата за expres.mk на активистот на Обединети Македонци, Драги Стојковски.

„По повод изјавата на Драги Стојковски, активист од организацијата Обединети Македонци во Канада, за порталот ‘Експрес’ од 18 август 2018 http://expres.mk/stojkovski-dobro-e-shto-omd-i-koloski-se-…/

Обединета македонска дијаспора (ОМД) се огласува со демант за да ги појасни лажните информации од истата:

Од самото основање на ОМД, 28 октомври 2004 година, организацијата има еден и единствен став по прашањето за уставното име на Република Македонија, а тоа е стоп на преговорите и против негова промена.

Во прилог потсетуваме на изјавата од заедничката средба на ОМД и на македонските движења за човекови права во Канада со медијаторот Метју Нимиц од 20 април 2005 година: http://umdiaspora.org/…/umdiaspora-met-with-un-envoy-ambas…/

По средбата ОМД отвори петиција против промена на името на Република Македонија, на која доби поддршка од 88.000 Македонци и пријатели на Македонија: http://umdiaspora.org/…/petition-against-any-changes-to-ma…/

На 17 јуни 2005 година претставници на ОМД остварија средба со тогашната министерка за надворешни работи Илинка Митрева, каде ги потенцираа цврстите ставови на дијаспората дека нема да толерира промена на уставното име на Република Македонија: http://umdiaspora.org/…/umdiaspora-meeting-with-macedonian…/

Притоа, ОМД потенцира дека според статутот на организацијата, ОМД е непартиска, непрофитна организација и како таква во своето 14-годишно постоење нема изразено поддршка на ниту една политичка партија, ниту, пак, прифатила финансии од која било влада во нејзиното време на владеење. ОМД ги застапувала националните интереси на Република Македонија и ќе продолжи да ги застапува сè додека постои.

ОМД ги осудува сите обиди во дијаспората и во Република Македонија за поделба на народот во овие кризни моменти за државата, кога обединетоста е најпотребна“, се вели во соопштението на најголемата организација на македонски иселеници во светот.