Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува ,,континуираните предавнички и антидржавни активности на пратениците од СДСМ и останатите пратеници кои ги подржуваат амандманите за промена на името на Република Македонија” се вели во соопштението што гопренесува Макфакс.

ОМД ги повикува сите граѓани да се вклучат во јавната расправа предвидена по завршувањето на втората фаза од уставните измени, како и да пружат силен демократски отпор за зачувување на континуитетот и интегритетот на Република Македонија.

ОМД воедно ги прозива народните избраници да останат доследни до одбрана на националните интереси со глас „против“ уставните промени, што е нивна основна должност кон државата и народот кој ги избрал, со цел оспорување на двотретинско мнозинство неопходно за промена на Уставот во третата фаза од процесот.

Историјата е немилосрдна кон тие што ги предаваат националните интереси, се вели во соопштението, пренесува „Макфакс“.

SHARE

Оставете Коментар