ОМД: „Версајскиот договор“ за Северна Македонија ја прелеа чашата

Обединета македонска дијаспора (ОМД) најостро го осудува договорот Заев-Ципрас за Република Северна Македонија како „фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина“.

„Северна Македонија од Западен Балкан во Југоисточна Европа, како решение на 27-годишниот билатерален спор помеѓу Република Македонија и Грција, со својот ултиматум за уставна промена, промена на преамбулата, промена на членот 49 за македонското национално малцинство и ерга омнес дел од пакетот-решение, претставува триумф на грчката дипломатија и фијаско за македонскиот идентитет, историја и иднина.

Со сериозно отсуство на јавна дебата, нулта вклученост на македонската академска фела и занемарена транспарентност во преговарачкиот процес, кој се сведе на самоволие на два политички субјекта, Обединета македонска дијаспора (ОМД) смета дека пакет-решението за промена на името на државата е неосновано. Покрај тоа што таквото самоволие во целост се противи на сè она што беше вклучено во предизборната програма на Социјалдемократскиот сојуз, ОМД смета дека политиката на премиерот Заев за валидизација на договорот преку референдумско прашање е суицидна за македонската држава и народ.

Преточено во политичката реторика на претседателот Иванов, ОМД смета дека „никој не поседува мандат да го одземе правото на идните генерации да бидат Македонци и никој нема право да го избрише државно-правниот континуитет на државата, со што се деградира заветот на нашите предци”. Воедно, во време кога ЕУ најави крај на ригидноста на носењето на одлуки со едногласен консензус, која што промена во европската политика е нова шанса за ЕУ-интеграцијата на Република Македонија под нејзиното уставно име, ОМД смета дека избрзаната и аматерска дипломатија на премиерот Заев и министерот за надворешна политика Димитров е водена од други мотиви, кои не се евроатлантските интеграции.

Повикувајќи се на член 305 од законот за велепредаство како кривично дело против државата од Уставот на Република Македонија, „тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или ќе ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години”, повикувајќи се на член 308 за загрозување на независност од Уставот, „секој граѓанин на Република Македонија кој ќе ја доведе земјата во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години” и повикувајќи се на член 178 од Уставот за повреда на угледот на Република Македонија, „тој што со намера за исмејување јавно ќе го изложи на подбив македонскиот народ, ќе се казни со затвор до три години”, ОМД увидува дека со најновата капитулација, која во најмала мера претставува велепредаство, повреда на националниот углед и чин на исмејување на македонскиот народ, е казниво дело во повеќе наврати.

Чинот на демантирање на Крушевската Република и АСНОМ, чинот на бришење на членот 49 од Уставот за заштита на македонското национално малцинство во соседните земји, чинот на информирање на сите членки на Обединети нации за промена на уставното име без државен консензус, чинот на прифаќање на грчките максималистички барања, чинот на непочитување на Хашката пресуда како највисок орган на меѓународното право, како и чинот на прифаќање договор во кој нема никаква правна сигурност за македонските интереси, се типичен пример на велепредаство, срам и навреда кон Република Македонија. Според тоа, ОМД бара од креаторите на решението најитно прекинување на преговорите, извинување кон македонскиот народ и преземање мерки за враќање на македонското достоинство, углед и благосостојба, меѓу другото, и со распишување на предвремени парламентарни избори.

Додека македонското единство никогаш порано не било толку разединето, ОМД смета дека „Версајскиот договор” за Северна Македонија сноси ризик да биде „последната капка” која би ја прелеала чашата во македонското општество. И додека грчкиот „Non Paper” посочува 16 придобивки од резрешницата на 27-годнишниот спор во интерес на Грција, Македонија единствено што добива е предуслов за внатрешно-државен немир и општо незадоволство“, се вели во соопштението на најголемата организација на македонските иселеници во светот.

 

7 Коментари

  1. И покрај сите противници на договорот, без разлика дали се против поради незнаење или неразбирање на проблемите во кој се наоѓа Македонија, Македонија нема друг начин да опстане освен да се испочитува договорот со Грција и да влезе во НАТО и ЕУ. Не би сакал да мислам дека противењето е поради непријателство спрема Македонија. Ми се чини дека противењето е резултат на непостоење на свест кај Македонците колкава е силата и значењето на државата. Македонија едноставно НЕ МОЖЕ никогаш повеќе да биде само Република Македонија. Ако тоа не се случи при приемот во ОН, тоа е завршена работа. Ако при приемот во ОН, никој во Советот за безбедност и Генералното собрание не се спротистави на отфрлање на името Република Македонија и доделување на референцата ФИРОМ (додека не се реши проблемот), а никој ни сега не инсистира Македонија да биде признаена како Република Македонија, приказната е завршена. Успех е на името да се додаде одредница. Успех е јазикот да остане македонски, а националноста македонска/ жител на Република Северна Македонија. Секој што мисли дека можеме нешто повеќе да добиеме од ова се лаже. И секој што е против ова ја турка Македонија во несигурна и опасна иднина.

  2. Prekini veke da seres i da s epravis pameten bre idioti eden pomocan. Nikogas nema da se ptkazeme od imeto Makeodnija, pa po cena i reki krv da se leat po drzavava, so krv natopena e ovaa drzava od opamtivek, luge ginele za ova parce zemja denes da se vika Makedonija i da bide nezavisna i samostojna drzava na Makedoncite. Pleme li ti ebam predavnicko, takvi kako tebe odsekogas imalo izrodi gi ima i ke gi ima, sreka sto ste malcinostvo i sto denes barem na tacna javno site gi vidovme koi se predavnicite na sopstveniot narod. Ke platat skapo sekoj od niv za sekoj milimetar sram i bolka sto go nanesoa na ovoj narod napaten. Prekini da ne ubeduvas deka po sekoja cena treba da velzeme vo Nato ili rskrntanata EU! NIKOGAS a ni TOGAS po sekoja cena!!!!

    dobri 70-75% od makeodncite nejkat da cujat za promena na ime uste poveke toa da go napravata zardi nekoj si voen blok od pred 50 godini koj ima rok na traenje!!
    Ama ti vo toa tvoe malo mozoce koe e so golemina na mozok od gulab tolku mzoes i da rezoniras.

    Nikoj nikogas nema da dozvoli promena, djabe samo ovaa bagra odrodena se obiduva nesupesno da usere po ugledot na ovoj anrod. Ke propadne nivniot obid, sekojdnevno e svensi deka se osudeni na propast i znaat deka idat so glava vo zid.
    I PREKINI DA JADES GOMNA DEKA ILI NATO I EU ILI KE NE NEMA!

  3. Оваа земја денес не се вика Македонија, туку се вика ФИРОМ. Уште на пасошите стои Република Македонија, но утре можат да речат ако не пишува ФИРОМ не ќе може да се патува во странство. Ти можеш да ја пролееш својата крв уште денес за твоите луди идеи. Незнам што чекаш. Македонија веќе 25 години е ФИРОМ. Што чекаш бе ФИРОМЕЦ?

  4. Toa cekav da go kazes:) SDS siptarska od Bihacka toa e nivnata mantra koja sakaat da ja prodadat, ne proaga picko komunjarska :)))

    FYROM se koristi vo megunarodni organizacii, vo 90% od svetot se koristi samo Makedonija, toa cak i vasiot drugar Kozijas go izjavi na TV, mozes da si ja najdes izjavata.

    Providni vi se mantrite sto sakate d agi prodadete sreka sto anrodot ne e glup propagandata od start vi ja isekoja,

    Na kraj ako ti smeta Makedonija iseli se, takvi kako tebe sto pomalku ovde toa poubavo, GITLA BAGRO!

  5. Во кои 90% од светот се користи само Македонија? Македонија се користи САМО во билатерални односи, (ако знаеш што значи тоа), од оние кои сакаат да не` викаат така, а така можат да ни` се обраќаат и кога новото име ќе стапи на сила. Кој сака да не` вика Македонија, пак ќе може да не` вика Македонија. Не кажа за што ќе лееш крв. Со договорот ние остануваме Македонци, нашиот јазик останува македонски јазик. Се додава само Горна на името Македонија? За тоа ли ќе лееш крв? За тоа што ќе стои Горна Македонија? Што ги споменуваш предците. Тие не биле луди како тебе да гинат за глупости, за тоа што ќе имало Горна пред Македонија. Тие гинеле за да можеме сами да ја уредуваме и водиме државата, да зборуваме во неа на наш јазик и да пишуваме со наше писмо. Не гинеле за глупости за кои ти сакаш да гинеш. Ама ако сакаш, повели. Сечи вени, зошто не можеш да се биеш со цел свет. Цел свет веќе го прифати договорот.

  6. Odi legni si be, go prifatil svetot dogovorot koj e smao u vasite glavicki:))

    PDJEBI BRAT, tebe ne mzoe da ti se pomogne, obrati se u psihijatriska ustanova ako i oni eventualno mozat d ati pomognat:)

    A vremeto ek pokaze dali tvoeto ili moeto ke bide :))

    PA PA Bihacka , papaj te

  7. СДСМ не разбира Битно:
    Резолуцијата 817 на Советот за Безбедност на ООН (ПРЕПОРАКА) не е предмет на анулирање, дополнување или дерогирање (со друга резолуција). Исто, Резолуцијата 845 на Советот за Безбедност на ООН (УРГИРАЊЕ/УРЕГЕНЦИЈА) не предмет на анулирање, дополнување или дерогирање (со друга резолуција).
    https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un/u/22828754
    Одговор

Оставете Коментар