ОН ја избришаа најавата за Нимиц, медијаторот без изјава

Иако најавена за 17 часот и 30 минути по македонско време Обединетите нации ја избришаа најавата за изјава на медијаторот во грчко – македонскиот спор американскиот дипломат Метју Нимиц.

Иако повеќе од еден час на програмата на видео единницата на ОН стоеше дека во 11 часот и 30 минути по локално њујоршко време (околу 15 часот и 40 минути по македонско) ќе се обрати Нимиц, одеднаш најавата ја снема и сега нема никаква информација за преговорите.

Очигледно дека најавата од секретаријатот на ОН која беше доставена до јавноста и до пристуните новинари не е координирана со средбата меѓу Нимиц, Коѕиас и Димитров. Или пак во меѓувреме се случило нешто друго поради кое изјавата на Нимиц засега не во програмата на ОН.

Грчки извори попладнево брифираат дека во текот на денешните разговори Атина настапила со барање за Северна Македонија и пакетот на кој Македонската страна беше подготвена само со име Илинденска Македонија. Со тоа паднаа во вода сите предходни брифинзи и шпекулации поврзани со Илинденска, Горна или Нова како можни решенија.

Предлогот Северна Македонија дел од меѓународната заедница му ја нудеше на екс премиеро Груевски во пресрет на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година кога сегашниот минситер за надворешни работи Димитров беше преговарач за името а потоа и Национален координатор за НАТО во владата на ВМРО – ДПМНЕ.

1 Коментар

Comments are closed.