Опозицијата со кривична за Заев за поткуп на гласачи

Во правна држава, по отворениот повик до бизнисмените да ги мотивираат работниците за да гласаат на референдумот, премиерот Заев би бил повикан на разговор од надлежните институции и против него би била покрената истрага, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во кое го образложуваат поднесувањето на кривичната пријава против премиерот.

„Бидејќи републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, до вчера не најде за потребно да постапи по допрен глас и да отвори соодветна постапка, ВМРО-ДПМНЕ поднесува кривична пријава против Зоран Заев, Претседател на Владата на Република Македонија. Бараме Републичкиот Јавен обвинител, да излезе од сенката на пупката која Зоран Заев ја „расцвета“ во правосудниот систем и да постапи согласно член 39 од Законот за кривична постапка при што ќе отвори истрага за наводите во кривичната пријава која ја поднесуваме“, посочи Димитар Димовски од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ бара кривично да се гони и бизнисменот кој, според изјава на Заев, веќе му ветил на премиерот дека ќе ги „мотивира“ своите работници.

SHARE