Орбан вели дека Груевски е негов соработник

Унгарија праведно ги третира соработниците, вели Виктор Орбан и вели дека Никола Груевски е негов соработник исто како и на унгарскиот народ. Тој цени дека „без поранешниот премиер на Македонија, ќе беше потешко да се заштити унгарската граница за време на мигрантска криза.

Унгарскиот премиер уште додал дека организации поврзани со мултимилијардерот Џорџ Сорос биле впуштени во прогон против Груевски.

За судските постапки против Груевски кој доби азил во Унгарија, Орбан, во интервју за унгарското национално радио, изјави дека  „Станува збор за комплицирани спорови, а правниот систем е дел од истите“.

„Властите ќе одлучат што ќе направат во врска со екстрадацијата“, рече Орбан.

 

SHARE

1 Коментар

  1. Сега Орбан, заедно со Ердоган треба да ни помогнат, се разбира со Русија, да го воспоставиме уставното име во ООН. Унгарија може да стане многу битен сојузник на Македонија во постапките насочени кон признавањето на уставното име во ООН.

Оставете Коментар