Орце Камчев ќе мине 30 дена во истражниот затвор “Шутка”

По десетчасовен распит на петмина приведени од вкупно 13 осомничени им е одреден триесет дена притвор за случајот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Притвор е одреден за бизнисменот Орце Камчев, неговиот соработник Ненад Јосифовиќ, директорот на „Ексико“ Тодор Мирчевски, Цветан Панделески, директор на ЗК Пелагонија и за Зорица Арсовска, сметководител во фирмите на Камчев. Ова е одлуката на судијката по претходна постапка.

Од нешто по 2.30 часот утринава, дел од осомничените се веќе примени во Истражниот затвор во Шутка. Се сомничат за злосторничко здружување, оштетување или повластување на доверители, злоупотреба на службената положба и овластување, измама и перење пари.

Според Форбс во 2015 година Орце Камчев бил најбогатиот Македонец.

SHARE

Оставете Коментар