Ордановски се заканува со Пентагон, Балфур со дестабилизација, владиниот ПР споделува

Шефот на владиниот тим за пропаганда Зоран Бојаровски за неколку часа сподели два заканувачки текста за Македонија.

Во првиот Сашо Ордановски и се заканува на опозицијата дека ако не се согласи на уставни промени во Скопје со воен авион ќе слетаат американски офицери.

Ордановски раководството на ВМРО-ДПМНЕ го нарекува “абдали”.

,,Ете, затоа, да ви кажам пријателски совет, после 35 години разни искуства со нив низ целиов Балкан: кога ќе ви дојде задоцнетиот час, тие што ќе ве посетат нема да носат кожни чевли и штикли што ќе ви труцкаат по вештачкиот мермер што сте го монтирале во она кичерајско, малограѓанско партиско седиште; овие носат гумени ѓонови и не летаат со редовни комерцијални линии, па нема ни да насетите кога ќе ви дојдат од зад грб со предлог што нема да можете да го одбиете. Прашајте го како изгледа тоа овој, што ве храбри дека сега е време да издржите, оти во март се враќате на власт. Абдали, тој во март секако ќе биде на друго место”, пишува Ордановски за цивилмедиа.мк а пренесува плусинфо.мк.

Вториот текст што го сподели првиот владин пропагандист е на Роза Балфур експерт за балканот.Таа предупредува дека Албанците може да се почувствуваат отуѓено и да дојде до дестабилизација.

„Не треба да ја гледаме Македонија само во контекст на Македонија, туку во поширок контекст. Ако етничките Албанци се почувствуваат отуѓено поради влошување на политичкиот контекст, ако дијалогот меѓу Србија и Косово се поткопа поради политички опортунисти, а знаеме дека ги има во регионот, ова може да доведе до дестабилизација“, вели за мкд.мк Роза Балфур од Германскиот маршалов фонд (ГМФ), специјалист за Европа и за проширувањето на ЕУ

3 Коментари

  1. Како прво лицето С.О. е љобист на нарко картелот “Косова-транс“, или за да ви стане појасно во политички контекст гољама Албанија. Човекот од многубројните холивудски пропагандни остварувања сосема изгубил врска со реалноста, за да се врати нека погледне како тие неговите рамбовци поминуат во Сирија и Блискиот исток.
    А оваја Балфурка подобро е да пишува за тоа кои се намерите на нејзината фирерка која пред 2-3 седмици во ЕУропска ставила на маса задача да се создаде пленум со задача на креирање надворешна и безбедносна пољитка, а кој ќе биде структуриран во 4 круга. Во првиот круг се земји кои дебатираат слушаат и гласат за пољитик, втор круг земји може да дебатираат и слушат без право на одлучување, трет круг земји имаат право на присуство и слушање без право на учество во дебата и одлучување а четврт круг држави имаат право само да слушат без право на присуство!!!!
    Ама тоа не и рекле на Балфурка, туку и рекле да преку пропагандни текстови придонесе во дисциплинирање на земјите од четвртиот круг, но што да се рече правилото еднаш тиранин секогаш тиран е исто како и еднаш квислинг цел живот квислинг, важно е Костадинов да има пари што ќе му е држава!

Оставете Коментар