Авиони кои ќе прскаат против комарци, утре во 5 часот ќе полетаат од спортскиот аеродром, при што ќе биде снимено и „ново“ видео како доказ дека Градот сериозно си ги извршува обврските против оваа наезда.

Од Градот денеска се извинија, откако се покажа дека снимката од наводното вчерашно снимање на прскањето против комарци од авион била стара – еден месец.

Од вчера и во наредните три дена ќе се изврши третото прскање против комарци.

Граѓаните во изминативе денови се посомневаат дека Градот не врши редовно прскање против комарци, на што беше одговорено дека сега тоа се извршува со авиони кои не се бучни како порано.

Утрово се прскало против комарци, доказ – видео од 8 јули

SHARE