Османи: Албанците едвај го чекаат 30 да гласаат „за“

„Албанците едвај го чекаат 30 септември за еднаш засекогаш да ги елиминираат можностите за руско влијание во иднина тука над нас. Ние знаеме дека НАТО гарантира стабилност, мир, економски просперитет, подобри плати, гарантира нашите деца да останат тука. ЕУ овозможува економски прогрес и систем на вредности за сите земји членки на ЕУ.

Ова нема да биде кампања за да се убедуваат Албанците, бидејќи тие одвај го чекаат 30 септември, за сами да придонесат за иднината на своите деца.“, изјави вицепремиерот Бујар Османи изнесувајќи го ставот на ДУИ за претстојниот референдум.

Тој верува дека гласањето ќе биде успешно, односно Договорот со Грција за компромисно име на Македонија, со географска додавка, ќе биде поддржан од мнозинството, а Албанците со години чекаат зачленување во НАТО и ЕУ, пренесува Тв21

SHARE