Османи немал ништо со случајот „Пациенти“ на СЈО

„Очекував и во предистражната постапка да бидам повикан во СЈО и да ги претставам фактите со кои располагам, секако по можност пред моето име да биде пласирано во истрагата. Меѓутоа тоа што е, е. Истрагата е отворена, а јас во изминатите денови собрав голем дел од документацијата преку која сметам дека се расчистува фактичката ситуација“ вели вицепремиерот за случајот „Пациенти“ на СЈО кој нема намера поади ова да поднесе оставка.

Откако обвинителката Катица Јанева во „Само вистина“ деновива го прозва, Омани вели дека „јасно се гледа дека нема ниту индиции кои укажуваат на некакво незаконско работење. Напротив, јасно се гледа дека одлуките се донесени законски и во интерес на сите граѓани. Сакам да ве известам дека целата оваа документација утринава е предадена по мое барање во СЈО а во наредниот период дополнително ќе бидат доставени останатите потребни и побарани документи. Што се однесува до мене овој случај е расчистен и набргу очекувам да биде и завршен“, рече Бујар Османи на попладневната прес-конференција во Вадата, пренесеуваат медиуми.

SHARE

Comments are closed.