Основана Регионална боксерска лига со клубови од бивша СФРЈ

Со потпишувањето на декларацијата денеска во Белград, основана е Регионална лига во бокс, во која ќе се натпреваруваат клубови од сите шест републики на некогашна СФР Југославија.

Декларацијата ја потпишаа овластените претставници на националните боксерски федерации, и тоа Баже Доневски од Македонија, Блажо Шарановиќ од Црна Гора, Иван Матковиќ од Хрватска, Ненад Боровчанин од Србија и Миленко Томиќ од Босна и Херцеговина. Словенечкиот претставник не беше во можност да присуствува на историскиот настан, но неговата федерација дополнително ќе го потпише документот.

Регионалната лига ќе има два органа – Надзорен одбор и Секретаријат. Надзорниот орган претставува извршно тело што ќе го сочинуваат претставници на сите шест земји-учеснички во Лигата, а Секретаријатот е оперативно тело што ќе го сочинуваат секретарите на шесте национални боксерски федерации.

 

Оставете Коментар