Осумтемина исклучени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе гласаат воздржано за нацрт-амандманите на Уставот за што расправата почна денеска во Собранието, соопшти пратеникот Зеќир Рамчиловиќ, потсетувајќи го премиерот дека процесот на уставни измени е врзан со процесот на помирување и простување, пренесува весникот „Независен“.

Тие ретерираат од ставот на 19 октомври кога го овозможија двотретинското мнозинство за пристапување кон уствни измени.

Промена на ставот, се чини, е притворањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, дознава весникот.

Уставните измени предвидени со Преспанскиот договор влегоа во процедура откако осумтемина пратеници кои и припаѓаат() на опозициската пратеничка група: Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски,  Елизабета Канческа Милевска, Владанка Авировиќ, Нола Исмаиловска, Зекир Рамчиловиќ и Емилија Александрова – гласаа за на 19 ноември.

SHARE

Оставете Коментар