Отец Партениј од Бигорски манастир – носител на награда Европски граѓанин

Архимандрит Партениј од Бигорскиот манастир е добитник на Наградата за европски граѓанин за 2018 година. Тој е еден од 50 добитници на оваа награда од Европскиот парламент за 2018 година.

Игуменот беше номиниран од бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, пренесува БГНЕС.

Во мотивите за номинацијата, Ковачев навел дека со јавната  и со активноста како игумен на Бигорскиот манастир, отец Партениј промовира меѓусебното разбирање, надминување на внатрешните поделби меѓу граѓаните на Македонија, како и подобрата интеграција со граѓаните од соседните држави.

„Во 2017 година, архимандритот Партениј и монашкото братство на БигорскиОТ манастир, решително го поддржаа потпишувањето на Договорот за добрососедство меѓу Република Македонија и Република Бугарија, благодарение на кој се надминаа бројни отворени прашања меѓу двете земји и се надминаа проблемите натрупувани со децении. Во овој критичен историски момент, архимандрит Партениј и монашкото братство имаа храброст, наспроти вкупната негативна атмосфера во земјата, да наметнат вистината, пораки за добрососедство, европска соработка и поддршката на потпишаниот договор“.