Отец Пимен остро ги прекори поддржувачите на обвинетите за 27 април!

Отец Пимен, митрополит на Европска епархија на Македонска православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), со остар прекор им се обрати на поддржувачите на обвинетите за настаните од 27 април, кои за нив бараат слобода пред Судот.

„Не претерувајте со побожност оти изгледа ја немате или не ја познавате. Кога барате човечка правда, не ја мешајте Божјата“, реагира владиката на својот профил на „Фејсбук“ за натписите „Господе, прости им доколку можеш. Не знаат што прават“ во рацете на лицата за време на судењето на околу 30 обвинетри за случувањата во Собрание дента кога Талат Џафери беше „избран“ за прв човек на Парламентот.

 

SHARE

Comments are closed.