Откако Меркел го ингорираше, Матис се сретна со Иванов

Република Македонија останува стабилен стратешки партнер на САД и дека и натаму ќе се залага за безбедноста, слободата и демократскиот напредок на регионот и активно ќе придонесува во заедничките активности во борбата против тероризмот и останатите закани на глобално ниво. му рече Престедателот на РМ, Ѓорге Иванов, на секретарот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Џејмс Норман Матис при денешнта средба.

„Пристапувањето во НАТО и ЕУ остануваат стратешки цели и највисоки приоритети на Република Македонија, што ќе придонесе за напредок и просперитет на целиот регион. Иако не сме во НАТО, нашата армија е НАТО компатибилна, и за тоа сме благодарни на САД. Тоа е влог во иднината. Мораме да бидеме подготвени за новите закани и новите предизвици“, порача претседателот Иванов на средбата со секретарот за одбрана на САД.

Шефот на државата се заблагодарил за поддршката што САД ја дава на Република Македонија со цел унапредување на реформите во одбраната и безбедноста, како од аспект на финансиска, така и практична и техничка поддршка преку учество во заеднички обуки, вежби и мисии.

„Интензивирањето и унапредувањето на севкупните билатерални односи со САД се од долгорочен интерес за Република Македонија“, додаде претседателот Иванов.

SHARE

Comments are closed.